Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека доколку Алијанса за Албанците стане дел од владата на СДСМ и ДУИ, тогаш тоа е комплетно политичко скршнување од тезите и критиките кои беа кажувани од оваа опозициска партија во изминатиот период.

„Ако вие велите дека оваа влада работи погрешно, ако велите дека оваа влада е виновна што многу Албанци ја напуштале државата, ако вие велите дека оваа влада е криминална и коруптивна и дека не ја бидува и потоа влегувате во таа влада значи тогаш дека вие ги легитимирате тие политики, самите за себе признавате дека сте лажеле односно не сте ја говореле вистината и единственото нешто за кое се грижете е да се дограбите на некаква функција и фотелја“, изјави Мицкоски.

Изјавата на Мицкоски доаѓа откако денеска од Алијанса за Албанците соопштија дека нејзиниот в.д. претседател, Арбен Таравари денеска ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.

Мицкоски смета дека ќе преовлада разумот кај Таравари и Алијанса за Албанците, но што и да одлучат за евентуален влез во владата на СДСМ и ДУИ тоа ќе биде нивна одлука.

Јас сепак мислам дека на крај би преовладал разумот кај Таравари и Алијанса на Албанците, но тоа е нивна одлука, дециден е Мицкоски.

Ако и Алијанса влезе во Влада единствени политички партии во опозицијата ќе останат ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА и Левица, на што Мицкоски вели дека тоа е доволна порака за граѓаните како да постапуваат за следните парламентарни избори…