Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари смета дека на избори оваа партија треба да оди сама со пшто индиректно ја отврдџли понудата од „огнениот“ Изет Меџити да се обединат во опозицискиот фронт, за да направат- како што вели пратеникот кој излезе од ДУИ – рече, голема промена.

Таравари, во изјава за ТВ21 вели дека време АА сама да оди на избори поради претходните горки искуства кога според него ги молел Алтернатива и Беса да настапат заедно на избори:

„…одев од една на друга маса да ги убедам дека треба да излеземе со заеднички листи и ако излезевме во 2020 година со заеднички листи, заедно ќе имавме 16 или 17 пратеници и ДУИ денеска ќе беше историја. Беса реши да оди со СДСМ“, рече Таравари.

Тој отфрли можност да се приклучи на таканаречениот Европски фронт на ДУИ…