За една недела „ќе биде објавено интересно барање како услов за уставни промени“, изјави претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во денешното интервју за РСЕ .
„Ние ќе гласаме начелно меѓутоа ќе имаме услови.
Што ќе биде нашиот услов е работа што идната недела ќе ја промовираме прво низ поважните амбасади низ Македонија, ќе кажеме што е нашиот главен услов, нормално вториот услов е од Уставот да се тргне терминот 20 проценти, практично да се користат како службени јазици и македонскиот и албанскиот.
Но првиот услов ќе биде многу интересен, изјави Таравари.
„…јас мислам дека треба прво да го кажеме пред нашите меѓународни пријатели, а тие услови се подготвени со меѓународни експерти, коишто ни дадоа и идеја и предлози што би било убаво за целата држава. Мислам дека тоа нема да може да се одбие од која било политичка партија во Македонија“, вели тој.