АА/А: Мерко сече дрва, Тетово е без вода, Чаир во хаос, а тие зборуваат за зелена агенда

„Рамиз Мерко секој ден сече дрвја, узурпира зелена површина, а Али Ахмети зборува за животната средина. Денеска Тетово нема вода за пиење, има загаден воздух, а Ахмети зборува за квалитет на живеење. Денеска Чаир има урбанистички хаос, без водовод и канализација, а Ахмети зборува за екологија. Денеска општина Липково живее до браната, но без вода, а Ахмети зборува за вода и зеленило“.

Ова е дел од реакцијата на коалицијата Алијанса на Албанците/Алтернатива напромовирањето на ДУИ во „зелена партија“.

Идејата ја нарекуваат следното лицемерие на ДУИ која се откажала од статусот на ОНА, од еднаквоста на Албанците, од правдата, од Премиер Албанец и од се што ветиле, а наместо да се повлече, ДУИ се маскира како зелена европска партија, пренесе ТВ21.