АА/А ќе го деблокира Собранието – може да се донесе петтиот сет мерки

Откако ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите за Законот за државјанство со барање Алијансана Албанците и Алтернатива да го деблокираат донесувањето на 5-от пакет мерки, од коалицијата АА/А најавија денеска или најдоцна утре ќе ги повлечат илјадниците амандмани.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за повлекувањето на амандманите вели дека целтта е конечно да се изгласа петиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанстото.

Од коалицијта АА/А велат дека и тие ќе го сторат истото и ќе ги повлечат амандманите од законите од петиот сет антикризни мерки

„Откако ВМРО-ДПМНЕ го деблокраше Законот за државјанство со повлекуквање на амандманите и ние денес или утре ќе го сториме истото. Ќе ги повлечеме амандманите од петтиот пакет антикризни мерки. Очекуваме Законот за државјанство да биде донесен со конзснензус бидејќи и тој исто како и законите од петтиот сет економски мерки е во интерес на граѓаните, без разлика на националната припадност“, вели Реџепи.

Ваквиот „развој на настаните“ доаѓа ден по средбата на премиерот Зоран Заев со Зијадин Села и Африм Гаши на која е постигнат напредок во изнаоѓање решение како да им се додели македонско државјанство на лица за кои АА/А тврдат дека со години не можат да го остварат тоа право.