А1ОН го брани Заев, на Героски не му се слуша “мрш” туку “важи”

Многу коментари во јавноста откако беше објавена бомбата во која Заев разговара за 6 милиони евра кои се споменуваат како рекет од бизнисмен преку брат на судијката Кацарска.

При владиниот портал А1ОН и новинарот Кристијан Ландов веднаш побрзаа да го одбранат Заев тврдејќи дека рекол “мрш” наместо “важи” на што реагираат повеќе луѓе.

Текстот на А1ОН

https://a1on.mk/macedonia/povtorno-greshka-no-sega-vo-snimka-od-zaev-namesto-pishanoto-vazhi-ostanalo-kazhanoto-mrsh/

За Героски одбраната на Заев од А1он освен што не е точна нема никаква јазична логика.

“Баш ме интересира како ќе се вади сега Заев. Според А1он, Заев во снимката не вели “важи”, туку “мрш”. Хммм… Јас снимката ја преслушав повеќе пати и јас слушам едно прилично разговетно “важи”. Освен тоа, “мрш” баш и не оди со репликата “јас влегувам во таа работа”. Заев сепак мора да објасни во која работа тој влегува”, пишува Героски кој пишува за Плусинфо.мк.

И уредникот на порталот Инфомакс.мк Александар Митовски директни го прозива новинарот Ландов и ја урива одбраната на Заев од А1он со сериозни аргументи.

“Заев рекол „марш“, наместо „важи“…

„Колега“ Ландов, сигурно си учел дека разговорниот јазик секогаш треба да ги следи правилата на логиката, која од случај до случај може да биде алтерирана согласно сленгот на двајцата соговорници.

Ако ја преслушаш снимката повторно, „марш“ не може да претходи на „јас влегувам во таа работа“. Барем не според твојата логика.

Дури и да рекол „марш“, а јас тврдам дека е „важи“, тогаш можеме да протолкуваме дека Заев го „маршира“ Димишков, и ТОЈ ВЛЕГУВА во работата.

Зошто да ги дели 6-те милиони евра со Димишков, кога може да го измаршира и да си ги земе за себе.

Какви рекетари, ццц….”, пишува Митовски кој е единствениот новинар во Европа осуден за објавување на информации од јавен интерес токму во случај кој го инкриминира и Зоран Заев.