По укинувањето на наредбите од страна на техничкиот министер Наќе Чулев, утрово во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на работа се вратило обезбедувањето на Ѓорге Иванов, кое беше прераспределено во други одделенија на МВР, дознава „А1он“.
Тие, според порталот, наводно се појавиле на работа со објаснување дека наредбите за нивна прераспределба се укинати и дека Чулев наредил да се вратат на работните места од кои биле претходно распределени согласно решенијата за работа.
„Бидејќи наредбите се укинати, водејќи се според решенијата кои ги имаме, ние мора да се вратиме на старите работни места“, изјавиле од старото обезбедување тврдат извори на порталот.