А1.ОН: Лила Филиповска на распит за „Рекет“!?

Популарната водителка Лила Филиповска денеска во Јавното обвинителство дава изјава во рамките на истрагата за случајот „Рекет“, јави А1.Он.

Филиповска, пишува порталот, наводно, во два наврати му дала позајмици во висина од по 20.000 евра на првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

Водителката, била и во автомобилот на Боки 13 дента кога тој беше уапсен на граничниот премин Богородица преку кој, како што се претпоставува, сакал да ја напушти државата.