Aктуелен министер, директор и поранешни функционери и министри опфатени со истрагата за пожарот во Кочани

ОЈО ја проширува истрагата за Кочани.

По наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС ШАбан САлиу и актуелниот директор на ДЗС Џеват Селами.

Опфатени во истрагата се и поренешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини.

Вклучени во истрагата се и поранешниот директор на ДЗС Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат Виктор Дерменџиев. Опфатени се и повеќе поранешни функционери.