Едно од најпознатите македонски јадења, па и традиција во повеќе земји во овој дел од светот, е мусаката. Таа вообичаено се приготвува од компири и мелено месо, но постојат и се, попопуларни се верзиите со модри патлиџани и млади тиквици.
Се, секако, зависи од вашата желба.
Постојат најразлични варијации, а ние денеска ќе ви ја претставиме или ќе ве потсетиме на основната верзија на мусаката, а тоа претпоставува, со компири и месо.
Состојки
-8 поголеми компири
-500 гр. мелено месо
-1 главица кромид
-5 јајца
-1/2 млеко
-масло потреба
-сол,црвен пипер, црн бибер
Месото се пржи во подлабоко тавче со 100 грама зејтин и претходно ситно исечкан и пропржен кромид. При крај се додава сол, бибер и црвен пипер.
Компирите се лупат и се сечкаат на кругови со дебелина до 3-4 милиметри.
Во подлабок плех со средна големина, се реди компирот, а кога се ќе се покрие целосно се става меленото месо. Одозгора се покрива со уште еден ред компири и се се прелева со 5 јајца изматени со половина литар млеко.
Се пече во загреана рерна на 220 степени, околу 45 минути.