Директор на Геријатрија уапсен за примање 20.000 евра поткуп

Станува збор за директорот на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје, Мухсин Арифи, дознава ТВ21.

Тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп во износ од 20.000 евра за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.

Од обвинителството ја потврдија оваа информација, без притоа да го откријат идентитетот.

„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување за настанот“, велат од ОЈО за ТВ21.

Случајот го потврдија и од МВР.