Еден век затвор за грчки и албански шверцери со дрога

Грчкиот суд осуди на казна од повеќе од 1 век (128 години затвор) осум припадници на  криминална група која се обиде да шверцува 1,5 тон дрога во Грција на 7 април 2017 година.

Дел од оваа криминална група беше и грчки адвокат во Пиреја, кој беше осуден на 14 години затвор и парична казна од 70 илјади евра, потоа грчки бизнисмен кој е осуден на 13 години затвор и на парична казна од 60.000 евра. Уште еден грчки државјанин е прогласен за виновен и осуден на 13 години затвор и 60 илјади евра парична казна.

„Сопственици“ на дрогата се двајца Албанци, кои се осудени на 23 и 24 години затвор и на 100 однсно 125 илјади евра парична казна.

Тројца други Албанци, кои беа уасени на бродот со кој се пренесувала дрогата беа осудени на 14 односно 13 години затвор, пренесе приштинска „Газета Експрес“.

Вредноста на 1.500 килограми канабис запленети од грчките власти се проценува на 10 милиони евра.