Од СДСМ тврдат дека тие ќе состават влада

Висок функционер на СДСМ за Дојче Веле тврди дека „нивната коалиција има обезбедено мнозинство што ќе ја формира на новата влада“.

„Тоа ќе се потврди во следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот.

СДСМ има обезбедено мнозинство за составување влада“, тврди нашиот соговорник, но во интерес на процесот не даде детали за партнерите на Коалицијата „Можеме“, пренерсува Дојче веле.

Реакцијата од СДСМ следува по информацвиите дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, спооред некои медиуми на албански јазик, веќе договориле влада со поранешниотг министер за одбрана Лазар Еленовски за премиер кој се изјаснувал и како Албанец и како Македонец.