Околу 850 претставнции на ЕУ испратиле писмо до ЕК, ја обвинија Фон дер Лајен дека е пристрасна во војната на Израел против Хамас.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се соочува со критики за нејзина наводна пристрасност во конфликтот меѓу Израел и Хамас, јави дописникот на МИА од Брисел.
Според „Еурактив“, околу 850 претставници на ЕУ и на земјите членки минатата недела испратиле писмо до ЕК, во кое и забележуваат на Фон дер Лајен дека на вонредниот Самит на Унијата на 17 октомври и при нејзината посета на Израел на 13 октомври, „не потенцирала“ дека Израел мора да го почитува меѓународното хуманитарно право во својот одговор на нападот на Хамас, како и што направиле други лидери на блокот.
По ова уследи интерен меморандум на ЕК во кој се посочува дека ЕУ работи за безбедноста на цивилите „од сите вери и националности“, при што се додава дека Фон дер Лајен „сака да им се заблагодари на колегите кои ги споделиле своите ставови и чувства во врска со овие многу тешки и емотивни случувања“, без експлицитно да се наведе дека документот е реакција на писмото.

–