800 македонски граѓани по вакцина во Врање

На автопатот Коридор 10, во близина на граничниот премин Табановце, но и во Врање, поставени се билборди со порака – „Благодарам Србијо“ – како благодарност за донациите на вакцини против Ковид 19 во Македонија, како и можноста македонските граѓани да бидат вакцинирани во Србија, јавува ТВ21.

Во организација на Културниот центар „Спона“, денес и утре нова група од околу 800 граѓани на Македонија ќе биде вакцинирана против Ковид-19 во вакциналниот пункт на Здравствениот дом во Врање .


Како и за претходните групи на вакцинирани граѓани имунизацијата во Врање и овој пат е координирана од Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Министерството за здравство на Србија.

Како што беше објавено претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ побара од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните од Македонија во Србија.

Со одлука на Владата на Македонија, во знак на благодарност кон Србија за време на летната сезона, од 15 јуни до 15 август, српските државјани кои транзитираат низ оваа земја преку Коридор 10, ќе бидат ослободени од плаќање патарина.