Англија не успеа да ја победи Шведска (0-0), а Полска загуби од Словачка (1-2) на стартот од натпреварите на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска на кое денеска за прв пат ќе се појавиме и ние.
Англичаните во Киелце во воведниот меч од групата А, а и од шампионатот, можеа и да загубат зошто Швеѓаните имаа пенал што Валквист го промаши во 81. минута. Во вечерниот термин во Лублин домаќинот на натпреварувањето поведе во првата минута, но потоа дозволи пресврт по што веднаш драстично си ги намали шансите за полуфинале со оглед на пропозициите кои велат дека само трите прваци и една второпласирана репрезентација ќе се борат за медалите.
Денеска Македонија игра со Шпанија во Гдиња од 20.45, а претходно средбите од групата Б ќе ги започнат Србија и Португалија со дуел во Бидгошч од 18 часот.