Пратениците кои гласаа за преспанскиот договор веројатно ќе формираат пратеничка група, но нема да останат само на тоа.
Како што брифираат извори на „Скопје 1“, тие понатаму би можеле да се „трансферираат“ во ВМРО Народна Партија на Љубчо Георгиевски.
Со ова „малиот коалиционен партнер на власта ќе стане поголем, а пратениците ќе добијат партиски закрила кои ќе им овозможат да се презентираат во јавноста како т.н. Европско ВМРО“, дознава порталот.