Државна лотарија ги известува играчите на играта на среќа Лото 7 дека со цел за побрзо полнење на фондот за добивката од прва категoрија и за зголемување на вредностите на добивките по сите категории, почнувајќи од уплатата за 99 коло, (10.12. 2022), една комбинација за учество во играта на среќа Лото 7 ќе е со вредност од 30 денари, колку што ќе изнесува и уплатата за еден Џокер број.

Со ова, гарантираниот фонд за 7-ка на Лото 7, наместо 7 000 000 денари, ќе изнесува 10 000 000 денари, а гарантираната премијата за Џокер со 6 погодици ќе се зголеми на 1 000 000 денари.

Цената на комбинација за учество во овој вид игра на среќа и понатаму останува најниска во регионот.

Фондот за 7-ка во моментов изнесува над 30 000 000 денари.