„Продавниците” за брзи кредити кои нудат кредити и даваат пари на секој што аплицира, кога навремено не им се исплаќат ратите, долговите им ги товарат ама не на вистинските луѓе. За 7 месеци во МВР има 65 пријави за грабеж од луѓе кои искористуваат лажни податоци а потоа тие со чиј идентитет бил злоупотребен мора да враќаат суми со високи лихварски казни за неплатен долг.
Како што дознаваат дека некој ги задолжил крадејќи им го името, презимето, матичниот број и адресата, и дека должат пари за кредит што не го зеле, оштетени граѓани пријавуваат во МВР. Има и такви кои не знаат дека некој им ги злоупотребил личните податоци и допрва дознаваат и пријавуваат во полиција.
Има и такви оштетени граѓани кои од страв од камати, да не им затропа извршител на врата или да не добијат тужби пред суд, веднаш ги плаќаат долговите кои не се нивни и не пријавуваат никаде.
Во 2021 година, на територијата на државата регистрирани се 142 кривични дела за злоупотреба на лични податоци, за кои по преземени мерки и активности кривично се пријавени 67 сторители, додека во 2022 година регистрирани се 125 кривични дела и мерки на кривичен прогон се преземени против 76 сторители.
Додека МВР, како и Народниот правобранител потенцираат дека овие злоупотреби се прават со помош на финансиските друштва, Министерството за финансии, надлежно со Закон дека тоа треба да ги врши контролите во работењето на овие друштва, и натаму смета дека овие измами не се негова надлежност.
Додека инспекторите не излегуваат во контрола, измамите со злоупотреба на туѓи лични податоци при земање брзи кредити тотално излегоа од контрола.
извор: СДК.мк