60-годишен планинар добил инфракт додека со група од 18 планинари се движел по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на еден километар над ПС Стезимир, извести Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово .

Случајот го пријавил планинар кој дошол до Полицска станица Стрезимир, бидејќи во таа област немало мобилна мрежа.

Покрената е спасителна акција.

За жал и покрај напорите на групата спасители составена од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат.