Одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Младинскиот културен центар со наслов „50 Години МКЦ“ ќе се одржи во текот на целиот ден на 28 декември.

Настанот ќе почне на пладне, кога пред 50 години биле отворени вратите на тогашниот Дом на млади „25 Мај“, а ќе трае до раните утрински часови следниот ден.

Свечената прослава е закажана во 19.30 ч. во холот на МКЦ, на која свои куси обраќања ќе имаат в.д. директорот на МКЦ, Ванчо Богоев, и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.