Во врска со можноста во неговиот кабинет да има поставени уреди за прислушување, Заев верува дека од страна на соодветните служби ќе биде осигурана професионалноста на функционирањето на премиерот.
Ова е одговорот на новиот премиер на прашањето дали постои можност поранешната влада да инсталирала прислушни уреди со цел да ги следи неговите состаноци и комуникација.
Вообичаено еден од првите чекори на секоја нова влада кога ќе ја преземе власта е именување на лојални луѓе од МВР и останатите безбедносни служби кои се грижат за безбедноста на премиерот вклучително и за безбедноста во неговиот кабинет.
Според неофицијални сознанија на expres.mk за време на последната реконструкција на владината зграда која што заврши пред нецел месец во кабинетот на премиерот и во салата за состаноци каде што се одржуваат владините седници се вградени специјални електронски заштитни системи кои што спречуваат било какво следење на разговорите меѓу членовите на владата.