Фондот за иновации и технолошки развој со 40 илјади евра поддржал проект за рецепт за пица. Директорот на Фондот, Коста Петров прашан во врска со ова, одговори бранејќи го проектот велејќи дека има иновативен процес.
Петров рече дека не му паѓа на памет да си поднесе оставка заради ова. Објасни дека комитетот кој е сочинет од странци, ги носи финалните одлуки за тоа кој проект ќе биде финансиран. Ова се прави за да има независен процес, рече тој префрлајќи им ја вината на членовите на Комитетот кои не кажаа ништо конкретно.
„Не би коментирал ништо посебно за овој проект, туку ќе зборувам за самиот процес за што се чувствувам опуштено, сите сме независни во проценката, јас ги разбирам термините инвентивност и иновација и можам да кажам дека не можам да зборувам специфично за овој случај бидејќи ние гласавме и нема да дискутирам за тоа што сме гласале“, вели Марвин Лиао.
Еден од комисијата рече дека освен проектот многу е важен и економскиот развој кој го нуди проектот за земјата.
„Многу е важно, најпрво концептот за економски развој исто така и креирањето работни м еста и промоција на извозот. Многу е важен фокусот од аспект на економски развој што може да го има во одреден специфичен сектор“, вели Гуртхер Фехлингер.
Во текот на оваа конференција за медиумите имаше технички проблеми со поврзувањето. За работата и доделените проекти од Фондот за иновации и технолошки развој вчера реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која предложи Фондот за се преименува во “Иновативен криминален фонд“ кој собира државни пари за поддршка на рецепти за готвење.
Извор ТВ21.