Ќе се случи ли дипломатски преседан на граница со скандал со испраќањето на македонскиот кандидат за претставник во Обединетите Нации Љубомир Фрчкоски.

На оваа тема анализира емисијата 360 Степени на Алсат М.

МНР бара сесија на комисијата за надворешна политика при Собранието која е одговорна за организирање за презентација на програмата на амбасадорот.

Шефот на комисијата Антонио Милошоски вели дека ќе организира состанок на комисијата но смета дека испраќањето на Фрчкоски во ОН е хендикеп затоа што предходно САД одбиле да даде агреман за него во Вашингтон.

Според Милошоски заминување на Фрчкоски на американско тло во организација каде членка на Советот на безбедност е земја која не сака да го прими кандидатот за амбасадор е сериозен хендикеп во комуникацијата во светската организација.

Последен збор за испраќањето на Фрчкоски има претседателот Пендаровски кој е пред избор дали да го прескокне или да го чека законодавниот дом при именувањето на екс министерот за одбрана и надворешни работи на СДСМ.

Видеото на оваа тема почнува по 12 минути и 30 секунди.