Државата, односно Владата, му префрла 3,3 милиони евра на новоформираното претпријатие НОМАГАС, со цел тоа да има пари да ја плати експропријацијата, но и сите трошоци околу оваа постапка, за земјиштето за Интерконекторот за гас што ќе се гради меѓу Македонија и Грција.

Ове пари се одобруваат во форма на емисија на акции кои ги издава НОМАГАС, а како купувач на хартиите од вредност се јавува Владата, со што всушност се зајакнува вредноста на ова акционерско друштво во сопственост на државата. 

НОМАГАС за оваа емисија на акции вредна 3,3 милиони евра ја извести Берзата преку објава, и во неа се точно наведени деталите на емисијата, за која се вели дека е втора емисија на хартии од вредност, од причина што како прва емисија се сметало спојувањето меѓу АД НЕР и ГА-МА, откако државата го откупи уделот од „Макпетрол“ во тоа претпријатие. Спојувањето и официјално се случи на крајот на минатата година.  

Ве известуваме дека АД за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, во изминатиов период резлизираше втора емисија на хартии од вредност, по пат на приватна понуда. Таа е спроведена врз основа на одлука за зголемување на основната главнина со влогови преку издавање на нови акции врз основа на втора емисија по пат на приватна понуда, донесена од Владата, во својство на Собрание на акционери на НОМАГАС АД Скопје. Втората емисија е одобрена со решение од Комисијата за хартии од вредност од 24 април оваа година. 

Од понудени 33.108 обични акции, продадени се сите, во вкупен износ од 3.310.800 евра во денарска противвредност, со што продажбата е реализирана со процес на реализација 100 отсто. Хартиите од вредност се регистрирани во Централниот депозитар за хартрии од вредност на 5 јуни оваа година, а еден ден потоа е доставено известувањето до КХВ“, се вели во Објавата од НОМАГАС испратено до Берзата.

линк до целата анализа на Фактор.мк.

https://faktor.mk/vladata-mu-dade-na-nomagas-33-milioni-evra—parite-se-za-eksproprijacija-na-zemjishteto-za-interkonektorot-na-gas-kon-grcija