Триесет денари акциза за литар ракија од домашен казан

Земјоделците кои произведуваат жестоки алкохолни пијалоци ќе смеат во текот на годината да произведат најмногу 1.000 литри.

Ова е дел од новиот Закон за акцизи кој веќе е објавен, а со кој и земјоделците кои прават ракија дома и ја продаваат ќе плаќаат акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалок со просечна јачина од 45 отсто.

Земјоделците кои ќе прават домашна ракија од грозје или од друго овошје и производот да го продаваат, ќе мора да се регистрираат во Царината.