30 дена притвор за поткуп од 40.000 евра

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) Јахи Јахија доби 30 дневен притвор откако е осомничен за примање на поткуп при избор на компанија за спроведување на проект финансиран од ИПА фондовите.



Јахија и поранешната раководителка на секоторот за ИПА фондови се осомничени за примање поткуп откако предметот го отвориле Евопската служба за спречување измама ОЛАФ, Европравда и Јавното обвинителство на Милано, Италија.

Откриено е дека италијанска фирма која аплицирала за тендерот вреден 1,2 милиони евра од ИПА фондовите, од јуни 2014 до август 2015 година на осомничените им плаќала да добијат доверливи информации за тендерот.

Јахија е обвинет за тоа зел поткуп од околу 40.000 евра. Раководителката која земала мито од 2500 евра, моментално не е во земјава.

Јахи Јахија од 2001ва е во Агенцијата за администрација, а од 2011 ја извршува функцијата државен секретар во Министерството.