Првиот вицепремиер цели 9 месеци се крие од прашањата за скриените хонорари во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде Артан Груби само лани, за хонорари исплатил 160 илјади евра.

Груби не одговара на сомнежите дека овие пари ги дава на медиуми кои официјално работат за владата а неформално водат пропаганда против политичките противници на ДУИ и фракцијата позната како ,,Огнена група”.


Во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците работат над 350 луѓе, а за годинава, според државниот Буџет, се проектирани дополнителни вработувања а оваа мала „армија“ луѓе не била доволна, па лани биле ангажирани уште, а за тоа биле исплатени 160 илјади евра, објави БИРН пред десетина дена.

Кој и за што бил ангажиран дополнително во Министерството останува тајна, бидејќи сите обиди на БИРН да добие податоци за дополнителните ангажмани останаа безуспешни затоа што вицепремиерот Груби со месеци молчи и не одговара на обвинувањата.

Задачи на ова министерство се „обезбедување координација и усогласување на работата на државната управа за спроведување на Рамковниот договор“, но според се едњн од главните приоритети на институцијата која ја води Груби е медиумска војна против сите што ги смета за непријатели а која ја водат луѓе кои тој ги плаќа од буџетот на владата.

Лани ова Министерство, со кое раководи вицепремиерот Артан Груби, имало вкупен буџет од околу 4 милиони евра, кој годинава е поголем за околу 300 илјади евра.

,,Тоа е, на пример, приближно четирипати повеќе од буџетот што го имаат Антикорупциската комисија или Финансиската полиција.

Во Министерството, сместено во барокната зграда веднаш до МНР во центарот на Скопје, лани работеле 354 луѓе, а годинава, според предлог-буџетот, таа бројка би можела да се зголеми за уште 69, што значи дека вкупно би работеле 423 лица.

Покрај нив, Министерството плаќа дополнителна работна сила. Имено, само во текот на 2022, во четириесетина наврати, преку две авторски агенции „Артпицк“ и „Лиценца МК 2000“ се исплаќани различни износи: Oд 22 илјади денари до над 300 илјади денари месечно за „други договорни услуги“, што е шифра под која, најчесто, се водат хонорарните ангажмани”, се вели во анализата на БИРН од каде пресметале дека само по оваа основа, од Министерството за една година, поточно, лани биле исплатени околу 160 илјади евра.

На пример, на 9 март, во три транши исплатени се нешто над 14 илјади евра. Во декември, исто така, во три транши исплатени се 12 илјади евра. Трипати во јануари, четирипати во февруари, трипати во март…

Oсвен ставката други договорни услуги, Министерството исплаќало и консултантски услуги. За тоа била ангажирана агенцијата „Д-М консалтинг Груп“. Преку неа „поминале“ вкупно 7.600 евра за една година.

Од јавно достапните податоци на Министерството за финансии, може да се види дека постои историја на ангажирање агенции многу пред Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор да стане посебно министерство.

Па така, од 2016 до денеска, само преку агенцијата „Лиценца МК 2000“ исплатени се речиси 280 илјади евра.

На листата за исплата преку Секретаријатот се јавува и компанијата „Таг Комуникации“. Таа била ангажирана од 2011 до 2015 година и под шифрата „други договорни услуги“ и „консултантски услуги“ ѝ биле исплатени вкупно 340 илјади евра.

Уште во мај лани, БИРН, повикувајќи се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, побара копии од фактурите што Министерството ги исплаќало за оваа намена.

По барањето БИРН добило безмалку празни фактури, во кои нема опис зошто се ангажирани лицата. Наведен е само износот. Во описот на фактурата пишува „договорци“.

Во декември од БИРН повторно се побарани копии од договорите за кои се исплатени парите, овој пат за 11 месеци. Но, одговор не стигнал.

По овој молк на Министерството, БИРН поднесува жалба до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Тие, пак, се обратиле до институцијата со која раководи Груби, но наишле на затворена врата. „Имателот на информацијата не одговори на дописот на Агенцијата“, пишува во решението.

Поради тоа, Агенцијата му наложила на Министерството да одговори во рок од 15 дена.

Но, два месеци по ова наложување, и натаму Министерството молчи.

Во обидот да дознае за што и кому се исплатени парите, БИРН го прашавле и вицепремиерот Артан Груби, но одговор до објавата на текстот не стигнал.

И на сајтот на Министерството, освен пиар-активностите на вицепремиерот, нема речиси ништо. Ниту извештаи за јавни набавки, ниту оние 21 документ што се обврзани да бидат објавени на интернет-страниците на државните институции, пишува во анализата на Призма на чии прашања Груби со месеци не одговара.

Со својот молк вицепремиерот симболично признава дека направил незаконски или неетички чекори за кои треба да биде казнет од институциите.

Груби во последниве неколку недели се соочува со низа обвинувања од медиуми како БИРН, Призма или Фокус на кој вицепремиерот воопшто не одговора со надеж дека аферите за него ќе запрат.

Груби засега одговара само на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ од каде со факти и аргументи излезени од државни институции докажуваат дека има индиции за криминал. Во одговорите до ВМРО-ДПМНЕ Груби не дава контрааргументи туку само контраобвинувања во кои партијата со која соработуваше 10 години до 2017 година ја оценува како антиевропска.

На несреќа на Груби дел од овие медиуми кои го споменуваат како дел од големи афери се блиски или имаат контакти со странски западни центри кои чиј приоритет е битката со корупција и кои точно знаат што се случува во аферите каде Груби е главен или скриен главен лик.