Во последните 24 часа направени се 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи на КОВИД-19.
Пријавени се вкупно 29 починати лица, на возраст од 38 –86 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Регистрирани се 722 оздравени пациенти.