Македонски доброволци ќе се борат за Русија во доброволни баталјони во анектираните територии на Украина

Повеќе руски државни медиуми тврдат дека доброволци од Македонија се подготвуваат да се борат на страната на Русија во агресијата врз Украина.

Доброволци од Македонија, Полска и други словенски земји се подготвени да се приклучат на Судоплатов баталјонот и на другите дороволечки баталјони во регионот Запорожје кој беше анектиран од Руската Федерација во септември 2022 година.

Македонското МНР чиј шеф Бујар Османи деновиве беше во посета на Украина засега не ги коментира вестите од украинскиот конфликт каде на територии на Украина анњктирани од Москва според медиумите на Кремљ се приклучуваат доброволци од повеќе словенски земји меѓу кои и од Македонија.

Според македонските закони македонски граѓани кои се борат во војски на туѓи држави се соочуваат со долгогодишна казна затвор.

Предходно Русија објави дека десетици македонски граѓани се борат на страната на Украина во конфликтот со Русија.