За првиот туристички лет во вселената анонимен богаташ платил 28 милиони долари на онлајн аукција која траеше помалку од десетина минути.
Туристичкиот лет на компанијата „Блу Ориџин“ на Џеф Безос, е закажан за 20 јули, на годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината.
Почетната цена „карта“ била 4,8 милиони долари.
Џеф Безос (57), основачот на американската технолошка компанија Амазон, на почетокот на овој месец објави дека ќе биде на првиот туристички лет на својата компанија „Блу Ориџин“.