Изберете некоја игра која што е доволно интересна за да не ви досади после само неколку нивоа, а истовремено не е многу тешка поради што за кратко ќе се откажете од играње.

Истражувањата потврдија дека после само десетина минути играње на некоја едноставна игра како што е Тетрис, може да помогне во секојдневното справување со стресот, хроничните болки, па дури и со пост-трауматскиот стрес.

Дека „има нешто“ во овие игри потврди во својата книга насловена како „Силата на заиграното живеење“, Џејн Мекгонигал. Таа појаснува дека едноставните игри ни го одземаат вниманието, поточно ни ги одвраќаат мислите од негативните работи кои што секојдневно не опкружуваат.

Едноставно, фокусот ни се преселува кон остварување на успех во играта и победување на самата игра, а „црните мисли“ и стресот, полека но сигурно се истиснуваат.

Веселите бои и музика и едоставните, но забавни задачи во игрите како што е на пример Candy Crush, можат кај играчот да поттикнат чувство на исполнетост, успех, возбуда и потоа и смиреност. Накратко, игрите ги потиснуваат негативните, а на површина испливуваат позитивните емоции.

Некои луѓе сакаат загатки и стратегии, а некои уживаат во игрите кои што бараат брзо размислување и рефлекси. На вас е да изберете која најмногу ви одговара, а десетина минути ќе ви бидат доволно за да почувствувате промена во расположението. Само внимавајте да не претерате и да ги запоставите секојдневните обврски.