Премиерот Димитар Ковачевски најавува дополнителни проверки како украинскиот политичар Олександар Онишченко, кој е под санкции на САД, а кој имал и руско државјанство, добил македонско државјанство.
Избеган украинаски пратеник попд санкции од САД добил македонско државјанство
„При издавањето на тоа државјанство на Олександр Онишченко биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство“, рече Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар кој се товари за проневери
Обнишчњенко е на црната листа на САД за вршење на руско влијание врз американските претседателски избори и е баран од украинските власти за перење пари во вредност од стотици милиони евра.
Сепак, тој доби позитивна оценка за чисто досие од сите институции во земјава кои ја провериле неговата апликација за државјанство. Онишченко, како спортист, доби државјанство врз основа на тоа дека ќе ја претставува нашата земја на меѓународни натпревари со коњи.
Спасовски: Одговорноста за доделениот пасош на Онишченко не е на МВР
Државјанството му било дадено во согласност до член 11 од законот кој се однесува на лица од особен национален интерес, во случајов за спортско претставување.
