Обврската на граѓаните да ги сменат документите со „северна“ до февруари идната година, не оди лесно.

Граѓани за Expres.mk велат дека денеска во обид да закажат термин за нова лична карта, им бил закажан термин за јули.

Барање за брз пасош и закажувањето за „сликање“ не е веднаш, туку по 5-6 дена. Плус, не е многиу јасно кои тие кои платиле „брза постапка’ кога ќе го добијат документот.

Согласно „преспанскиот договор“ до феруари идната година мора да се сменат личните кари, пасошите, возачките дозволи.

Веќе овој месец, притисокот врз административните служби во МВР е огромен, а обид да се закаже термин, трае со часови.

По контактот на телефонот за закажување, следи прашање дали сакате услугата да е на македонски илчи албански јазик, за што требаб да се притисне соодветен број по што следува:

„Администраторите во моментот се зафатени, ве молиме почекајте„ е пораката која електронска секретарка ја повторува додека долго се чека некој да одговори на повикот на 072929292.

Со оглед на досегашните „искуства“, за очекување е дека притисокот за промена на документите ќе расте летово, кога дел од дијаспората доаѓа во Македонија, а особено пред истекување на рокот во есенските и зимските месеци.

Обврска за промена на возачките дозволи и докумените за возилата имаат иу сопствениците на автомобили. кои се обврзани да „интервенираат“ во табличките во возилата…

Граѓани стравуваат да не се повтори „сликата“ од минатото кога за документ се чекаше со месеци поради – недостиг на нови ЛК, пасоѓи, возачки дозволи …