Новинарката Билјана Секуловска во својата емисијата која оди на телевизиите на албански јазик Тв Шења и ТВ Ера 25 Минути го поставува прашањето: Зошто Македонија да обештети македонски а не и за албански бранители?
,,Зошто да се обештетат македонските, но не и албанските бранители”, стои во насловот на емисијата кој оваа недела на темата објавува интервју со Стојанче Ангелов, претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.