Бугарскиот портал 24 часа објави дека извесен Александар Барабановски од Струмица, наводно близок на премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев, е казнет со 150 евра затоа што натепал струмичанец- Бугарин , објави 24 Часа.
Според судска одлука за инцидент кој се случил на 21 октомври 2018 Барабановски му нанел неколку тупаници на извесен Митко Георгиев.
Барабановски додека го удирал му викал на Георгиев да престане да зборува против Заеви и да се исели од Македонија.
Бугарското ВМРО тврди дека осудениот бил своевремено телохранител на Заеви, а по оваа пресуда оштетениот ќе има право приватно да го тужи.