24 часа откако градските власти посадија 600 дрва покрај новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ украдени се 30 од нив.



„-Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санираа штетата и веднаш посадија нови дрвја на истата локација.

За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР, велат од Град Скопје.