Министер, обвинителка и генсекот на СДСМ се сликаат по победата во Палермо (ВИДЕО)

Министерот за правда Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи и генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ заедно со делегацијата на Фудбалската федерација на Македонија веднаш по мечот се сликаа пред македонското знаме на трибините на стадионот Енцо Барбера во Палермо по победата против Италија.

Делегацијата во која беа Тупанчевски, Фетаи и Зечевиќ заедно со претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и други гости и функционери на федерацијата историскиот меч го следеше од ВИП ложата на стадионот во Палермо.

Македонските навивачи мечот го следеа од најодалечената трибина ,,Curva ospiti intero”.