Во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила, повредени се дваесетина патници. Тие веднаш биле упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.
Прегледаните се со набиеници и лесни повреди и се пуштени на домашно лекување, велат од прилепската болница
Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината.
Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп, јави МИА.
