20-години од загинувањето на бранителот Атанас Јанев во Арачиново

????????????????????????????????????

Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година во Струмица беше одбележана 20 годишнината од загинувањето на Атанас Јанев во операцијата за ослободување на селото Арачиново, заедно со уште двајца негови колеги од полицијата.

Цвеќе положија членови на семејството Јаневи, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица, Општинскиот сојуз на борците и претставници на СВР-Струмица.

Атанас е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево.

Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил брак со неговата сопруга, која веќе била трудна и очекувале прво дете. Неговиот син денес го носи татковото име – Атанас.

????????????????????????????????????