Во 1936 година името на Адолф Хитлер било единственото на гласачкото ливче, а гласачите можеле да гласаат за или против фирерот. 98 проценти од гласачите излегле да гласаат на изборите, а од излезените гласачи 98 проценти гласале за Хитлер.
Тоа значи дека околу 44 милиони Германци со право на глас дале поддршка за овој режим, а само половина милион Германци гласале против, пишува Милош Милошоски во својата колумна за Инфомакс во која прави паралела меѓу однесувањето на луѓето во нацистичка Германија и сега.

“Дополнително Хитлер ја имал поддршката од најмалце 10-тина нобелови лауреати, најголемите умови на Германија во тоа време меѓу кој и еден од најголемите филозофи на 20-тиот век, Мартин Хајдегер.

Поентата ми е дека не секогаш мнозинството е во право, грешите, грешеле и најголемите умови на човештвото како Хајдегер кој се покајал и повлекол од Национал социјалистичката работничка партија на Германија, но предоцна.

Научниот и општествен консензус кој изминативе години се форсира на широките народни маси кога станува збор за пандемијата и проблемите како глобалното затоплување заедно со тоталитарните мерки ме потсетува на 30-тите години од минатиот век и нацистичка Германија.

Едноставно луѓето така функционираат, живееме во консензус, не затоа што така сакаме туку бидејќи мора да има консензус за да постои општество. Што поради недостаток на мотивација да го преиспитаме истиот, што поради недостаток на време да размислуваме за клучни теми овој консензус опстојува, а проблемите со кои најчесто се замараме се тривијални и небитни, а оние клучните ги оставаме на консензусот.

Консензусот во 30-тите години од минатиот век во Германија бил дека нацизмот е најдоброто можно општествено уредување. И тогаш како и сега луѓето се етикетираат и бележат со давидови ѕвезди кои денес се заменети со етикети како антиваксери и „science denier“, луѓе кои имаат ненаучни погледи на светот, еретици*, пишува Милошевски во својата колумна.

Целата колумна на овој линк