Николоски ги објави списоците, Кастриот Реџепи се потпиша на 4 списоци – „Толку многу зборуваше против Владата и Заев…“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисија на ТВ21 ги објави списоците и вели дека Реџепи се потпишал на 4 списоци, и дека зборувал против Владата и Заев.

„Кога се иницираше целата работа, идејата на пратениците на политичката партија БЕСА беше последни да се потпишат на списокот, а Реџепи да биде 61-иот. Толку многу зборуваше против Владата и Заев, и сакаше да биде 61-виот и ете е потпишан. Па се потпиша на четири списоци како 61-ви пратеник. Затоа што според него, владата требаше да падне. Па и тоа беше малку, зборуваше за некое интервју кое го дал меѓу двата изборни круга дека владата треба да падне“, рече Николоски.

Видео

.