Економските мерки и политики кои ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат резултат, тврди портпаролката на владеачката партија Богданка Кузеска на прес конференција.
“Сите економски податоци потврдуваат: македонската економија е стабилна, жива, динамична и оди напред.
Платите континуирано растат и во услови на пандемија.
Така, просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари. За 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година.
Покрај борбата со пандемијата ветивме економија – правда. Тоа испорачавме.
Повеќе пари во џебот на работниците е дел од концептот на СДСМ, парите кај граѓаните.
Дополнително, по цела година, за прв пат во месец март оваа година, е забележена сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%.
Раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата”, вели Кузеска во својата изјава во која нема коментар за анализите според кои висината на просечната плата е зголемена затоа што без работа останаа десетици илјади луѓе со ниски плати под просечната.
Видео