На автопатот Штип – Свети Николе на околу половина километар од патарината кај село Кадрифаково се случи тешка сообраќајна несреќа во која има две жртви.

Несреќата се случила во 12:10 часот меѓу две возила.


Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна жена.

Повредени има и тоа со тешки телесни повреди, нивниот број сѐ уште не се знае, а од страна на екипите на Брзата помош се транспортирани во штипската Клиничка болница.

Сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.