15-годишник убил петмина во близина на Сиетл

Осомниечно е 15 годишно момче за убиство на пет лица во куќа во близина на Сиетл откако со огнено оружје застрелало две возрасни лица и три деца.

Еедно девојче е рането, јавува Ројтерс

Градските власти информираа дека осомничениот е приведен, но засега не е познат мотивот на злосторството, ниту дали сите инволвирани во овој трагичен настан се поврзани со семејството.

Пред да пристигнат лекарите на местото на злосторството, на жртвите им била укажана прва помош од соседот.

Осомничениот 15-годишник е однесен во малолетничкиот центар и денеска или утре треба да биде изведен пред суд.