Гром удрил во близина на плажата Оревче во Градиште, денеска околу 15 часот, при што има повредени, а повеќе граѓани претрпеле шок- објави Охрид Њуз.

Како што информира СВР Охрид, на последици се пожалиле 13 лица. Четворица се здобиле со изгореници на долните и горни екстремитети, а останатите се пожалиле на претрпен шок, страв, тахикардија и проблеми со слухот.

Дел од повредените биле пренесени во болница со возила на брза помош, а дел се јавиле на лекар самостоjно. Повредените се од различни градови од земјава.

Во Охридскиот регион и денеска имаше краткотрајно невреме проследено со врнежи од дожд, град, ветар и електрични празнења стои во текстот на Охрид Њуз.