120 милиони евра Министерството за финансии префрлило на сметката на Државни патишта, пари кои ќе завршат на сметката на Бехтел и Енка, без една единствена закована шајка.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека веќе почнаа да се одлеваат пари од Буџетот, без ништо да е направено. Вели дека тие не се против градење патишта туку се против недомаќинско работење. Рече дека еден ден ќе има одговорност.
Мицкоски изврши увид на градежни активности во Општина Аеродром заедно со градоначалникот Муцунски.
“Континуирано се кратат дотациите, нема никаква поддршка ниту од владата ниту од Град Скопје иако беше многу ветувано посебно од Град Скопје за Аеродром, но еве толку се можностите и се прават натчовечки напори да бидат се поголеми. Се прават ваков тип на проекти и објекти и мислам дека ова ќе продолжи и во иднина со засилено темпо, посебно во периодот кога новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избрана. Јас му честитам на Тимчо , на Дејан и останатите советници, на администрацијата во Општина Аеродром што и покрај притисокот кој чувствуваат на дневна основа и покрај кратењата и нечовечкиот однос од страна на централната власт сепак изнаоѓаат средства истовремено да ги испорачуваат ветувањата со тие лимитирани можности и да се грижат за животната средина и квалитетот на живот на луѓето во општина Аеродром. Посакувам така да продолжат и убеден сум дека така храбро, чесно и одговорно како досега ќе продолжат и во иднина, а со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, многу голем дел од капиталните проекти кои не биле во програмата а кои граѓаните им се потребни и ги бараат ќе бидат реализирани” – истакна Мицкоски.