Машката тениска листа веднаш по Вимблдон не доживеа поголеми промени, барем не на врвот. Енди Мареј остана прв, Рафаел Надал е втор и сега Рожер Федерер е трет. Натаму се Нова Ѓоковиќ и Стан Вавринка со тоа што разликите се многу мали, па може да се случи во еден турнир се да се сврти меѓу водечките пет.

Затоа кај девојките веќе се сврте и тоа многу чудно, а коцката застана кај името на Катарина Плишкова која од денеска е број 1. Чешката тенисерка, но и втората на ВТА ранкингот Симона Халеп никогаш не освоиле Гренд Слем, што е невообичаено, но во отсуство на Серена Вилјамс, се е можно. Лондонската победничка Мугуруза е петта, а нашата Лина Ѓорчевска која не успеа да дојде до главниот турнир на Вимблдон има драматичен пад од 31. место. Лина е сега 212. на светот.