100 милиони евра од Македонија за Грција!?

Симпатична грешка во наслов на вест направи италијански блогер кој јави дека Македонија понудила 100 милиони долари помош по катастрофалните пожари во Грција.

Сепак во текстот стои дека „Македонија понудила 6 милиони динари (околу 100 илјади евра) за итна помош на соседна Грција за борба против пожарите во кои загинаа десетици луѓе во периферијата на Атина.

Македонскиот премиер Зоран Заев го објави тоа на Твитер, наведувајќи дека парите ќе им бидат достапни на грчките институции за справување со стихијата.

Владата на Скопје, исто така, ќе формира посебно тело за следење на ситуацијата и координација на хуманитарната помош“, пишува блогерот.