100 илјади евра од Заев за “иноватор” што во време на ВМРО ги скара младите со ЕУ

Продолжува бескрајната низа на скандали во фондот за иновации.

Меѓу добитниците на парите од Фондот за иновации и технолошки развој е и стружанецот Бошко Нелкоски кој со својата фирма “Нелковски Органик фуд ДОЕЛ” ќе добие над 6 милиони денари или околу 100 илјади евра.

Фирмата на Нелковски ќе произведува органски путер од лешник.

Бошко Нелковски на македонската јавност и стана познат како директор на Агенција за младински образовни програми.

Во негово време во 2010 година ЕУ неколку години ги суспендираше парите за млади во МКД и испрати финансиска инспекција.

“Владата го разреши Бошко Нелковски, директор на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност заедно со целиот управен одбор. Според медиумите, злоупотребите се должат на непотизам и селективно делење на европски пари на невладините организации блиски до ВМРО ДПМНЕ каде Нелковски е член на раководството на Унијата на млади сили на оваа партија. Поради овие малверзации, наскоро во Македонија ќе пристигне и специјална комисија на ЕУ за да ги истражи сите детаљи околу оваа афера. 

Но, кој е Бошко Нелковски? Нелковски, кој е роден во Струга, студирал општествени науки во Бугарија на универзитет во Софија. Таму остварил одлични врски со бугарските политичари и луѓето кои обезбедуваат лични карти и државјанства за граѓаните на Македонија, па паралелно со студиите во Струга имал агенција за издавање бугарски лични карти и пасоши. Вујко му Славко Котевски, како претседател на струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ, бил кандидат за градоначелник на Струга и активно работел во НВО „Око“, напиша во февруари 2010 година магазинот Глобус за случајот Нелковски и укинувањето на европските младински проекти во земјава.

Осум години подоцна Нелковски добива 100 илјади евра за иновација “Путер од еколошки лешници”.